Обвинителството и полицијата го истражуваат случајот Прв извиднички камп

Обвинителството и полицијата го истражуваат случајот „Прв извиднички камп“ Првиот скопски извиднички одред, ги смета за извадени од контекст сведоштвата на родители за секс-игрите на кампот организиран минатиот викенд. Во своето соопштение, извидничкиот одред наведува дека жали за за ситуацијата. Велат настанот бил традиционален и никој претходно немал поплаки за кампот чија цел била спојување на рок музиката, извидничките вештини и сексуалното образование. „Нашиот настан не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани“ Од „Меѓаши“ ги повикуваат институциите да го истражат случајот, но и апелираат до родителите за внимателност. Во тема на денот, Змијанац, вели мора родителите да знаат какви активности ќе имаат нивните деца кои посетувале такви настани..
Back to Top