Ги инструментализира ли неко децата во политички цели без знаее на родителите_
Ги инструментализира ли некој децата во политички цели без знаење на родителите?
Изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека го известил Обвинителството за случајот во кој детското ликовно студио „Кирил и Методиј“, организатор на колонијата „Мал битолски Монмартр“, носи деца во Бугарија на средби со политичари предизвика бурни реакции во Бугарија.
Претседателот на ГДУ кој се преставува дека ги брани правата на бугарите во земјава настапи на бугарската ТВ Нова.
- Министерот за внатрешни работи на РС Македонија нареди да се покрене истрага против децата кои пред еден месец со соучениците се сликаа во Софија. Нешто што е крајно брутално. Имам чувство дека секогаш кога Македонија се обидува да направи чекор напред кон својот развој, „длабоката држава“ наоѓа начин да ја запре РСМ на патот кон ЕУ.“- изјави Петар Колев.
Лидерот на бугарската политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, побара бугарското Министерство за надворешни работи да го осуди тоа што се случува во Битола. На социјалните мрежи реагираше и поранешната шефица на бугарската дипломатија и актуелна пратеничка, Екатерина Захариева, според која „е достигнато ново дно“.
А вчера во Битола министерот за внатрешни работи Спасовски изјави дека, постапувајќи по допрен глас, МВР го известило Обвинителството за случајот со „Мал битолски Монмартр“.
За настанот осуда дојде и од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
- Имаме неколкукратно прекршување на правата на децата согласно Конвенцијата за правата на детето и на Законот за заштита на деца: ‘Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување. - велат од прва детската амбасада „Меѓаши“
За посетата на децата на Бугарија на 4 јули на својот фејсбук-профил информирал и претседателот на Бугарија, Радев кој напишал дека децата се пример за политичарите дека можат слободно да комуницираат без предрасуди. Претходно група деца биле однесени и кај поранешниот бугарски премиер - царот Симеон Втори, како и на посетата на гробот на неговиот татко, царот Борис Трети.
Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, кое е организиратор на детскиот уметнички фестивал „Мал битолски Монмартр“, по три децении, лани по првпат не доби финансиска поддршка од Министерството за образование и наука. Затоа, пак, фондацијата „Бугарска меморија“ на Милен Врaбевски дала пари и сега ја формира и агендата.
4 views
203
42
1 year ago 00:02:45 30
Ги инструментализира ли некој децата во политички цели без знаење на родителите_
2 years ago 00:05:01 2.3K
З топовых источника заработка для инструменталиста
2 years ago 00:09:39 22
ЛУЧШИЕ ИНСТРУМЕНТАЛИСТЫ “ДУША БАЯНА“, СЕРГЕЙ ВОЙТЕНКО И БАЯН МИКС, ХОР “МНОГОЛЕТИЕ“ И “НЬЮ ФЕЙС“
7 years ago 00:01:00 729
Сергей Войтенко - популярный певец, инструменталист, композитор, автор песен, продюсер, творчество которого близко каждому!