Запознајте ја Илина!

Запознајте ја Илина! Не би можеле да најдеме доволно зборови со кои би ја опишале, бидејќи нејзиното секојдневие е исполнето со многу активности во кои таа ужива. Илина е позитивна, отворена, упорна и ведра личност и со нејзината енергија го крева тимскиот дух. Обожува да танцува, но најмногу ужива кога пее! Со редовноста и посветеноста го совладала пливањето, па затоа денес може да се пофали со освоени медали на многу натпревари! Во следниот месец, ќе се запознеме со многу другар(к)и и ќе ги споделиме нивните таленти! Бушавко е пријател на сите деца! 👶🏻🧒👧🏽 Затоа придружете ни се во кампањата за подигнување на свесноста за децата и младите со атипичен развој! 📞 Ало Бушавко: 070 390 632 🌐 #alobushavko #алобушавко #megjashi #меѓаши Кампањата е во рамки на проектот „Можеби сме различни, но сите сме талентирани“, како дел од Мрежата за разновидност 2.0 (RDN2.0), поддржан
Back to Top