Запознајте ја Ружица!

Запознајте ја Ружица! Има 20 години и е амбициозна, посветена и трудољубива студентка на Институт за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ-Скопје. За нејзе времето е многу важнo, го почитува своето и времето на другите. Сериозно си ја прифаќа обврската како студент и одлично и оди. Секогаш е точна и прецизна и никогаш нема задоцнето на ниту едно предавање. Најмногу го сака фолклорот и се што е поврзано со него. Емоциите ги искажува на свој начин преку песните кои уживање да ги слуша и пее. Свири на пијано а од неодамна и на дајре. Во своето слободно време омилени и се прошетките на плоштадот, пеењето со својот ментор и ужива во вкусот на нејзиниот омилен десерт. Ружица е прекрасна личност во секоја смисла на зборот! . Во следните месец и половина, ќе се запознеме со многу другар(к)и и ќе ги споделиме нивните таленти! . Бушавко е пријател на сите деца! 👶🏻🧒👧🏽 Затоа придружете ни се во кампањата за подигнување на свесноста за децата
Back to Top