„Битолски Монмартр“ ги злоупотребил децата за политички цели, тврди „Меѓаши“
„Битолски Монмартр“ ги злоупотребил децата за политички цели, тврди „Меѓаши“
Од Првата детска амбасада велат дека членови на „Битолски Монмартр“ се искористени „како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи“
Раководството на „Битолски Монмартр“ ги злоупотреби децата, свои членови, за политички цели, носејќи ги во Бугарија на средби со претседателот Румен Радев и претходно со Симеон Втори, поранешен премиер и син на царот Борис Трети, како „декор за нечиј (политички) маркетинг“.
Ова го тврди Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во одговор за „Независен“ откако нашиот медиум објави текст под наслов „Како ‘Мал битолски Монмартр’ ја пречекори ликовната граница и премина во политиката“, наведувајќи дека деца, членови на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола, беа однесени во Бугарија на средби со бугарски политичари, по што децата беа фотографирани со политичарите и објавувани во бугарски и наши медиуми, а организаторите за тоа немаа дозвола од родителите.
Од „Меѓаши“ се категорични дека децата, членови на „Битолски Монмартр“, се искористени „како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи“, по што Првата детска амбасада во светот го повикува Основното јавно обвинителство да постапува поради прекршување на законите.
Анализирајќи го текстот „Како ‘Мал битолски Монмартр’ ја пречекори ликовната граница и премина во политиката“, „Меѓаши“ смета дека е „крајно неумесно или чудно како потег, во сегашниот политички контекст во кој се наоѓа Македонија, особено имајќи ги предвид односите со Бугарија и Грција, да се носат децата на средби со политичарите во тие земји, и особено ако не се знае јасно која е целта на тие средби“.
„Се поставува прашањето зошто децата биле однесени во Бугарија кај Симеон Втори и претседателот Румен Радев? Која е целта на посетата на гробот на цар Борис Трети? Која е целта на сите тие средби и посети? Како им е објаснето на децата кој бил царот Борис Трети? Што дознаа и научија децата од таа посета? И сето ова се случува во период кога во Македонија има тензии токму околу овие прашања. Децата не се декор за нечиј (политички) маркетинг. Тие не се објекти, туку се рамноправни граѓани како и сите други и така треба да бидат третирани. Во спротивно, носењето и учеството на деца како декор на одредени настани или настани со нејасна заднина и агенда е политичка злоупотреба на деца“, стои во одговорот на „Меѓаши“ за „Независен“.
Од таму со аналитички пристап на целата ситуација образложуваат зошто станува збор за злоупотреба.
„Децата одат во Бугарија без нивните родители да потпишат согласност за програмскиот дел од посетата, за содржините кои на децата ќе им бидат понудени и кои ќе бидат реализирани, ниту за истите се информирани. Тие потпишуваат согласност за патувањето, но ништо повеќе. ‘Битолски Монмартр’ како организатор не ги известил родителите за содржината на посетата, програмата, иако е должен како организација да го направи тоа. Во вакви случаи, кога родителите не добиле доволно информации, ние секогаш препорачуваме и укажуваме дека самите родители треба да побараат повеќе информации од страна на организаторот за да бидат упатени во содржините на активностите во кои детето ќе учествува“, велат од Првата детска амбасада.
Понатаму, „Меѓаши“ наведува дека ваквото искуство на децата може да предизвика трауми кај нив.
„Доколку родителите и децата не биле информирани за содржината на програмата која била планирана, тогаш станува збор за спроведување активности во кои децата се предмет на манипулација. И не само тоа, станува збор и за емоционална повреда, бидејќи носењето деца на средби за кои потоа се ставени на тапет, може да биде трауматско искуство за нив поради добивањето одненадеж навреди, говор на омраза, омаловажувања, поттикнување нетрпеливост… Доколку децата учесници, имаат потреба да разговараат за своите чувства, емоции по и за време на настанот, и/или пак едноставно имаат потреба само од разговор, Првата детска амбасада во светот ‘Меѓаши’, преку ‘АлоБушавко’ – телефонот за деца и млади 070 390 632 стои на располагање со 24/7 поддршка за децата“, велат од тимот на „Меѓаши“.
Тимот на Првата детска амбасада за ваквата состојба со децата од „Монмартр“ јавно го повикува ОЈО да постапува наведувајќи каде е прекршено правото на детето.
„За жал, наместо децата да се третираат сериозно, тука се користат како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи.
Поради сето ова горе наведено, го повикуваме Основното јавно обвинителство (ОЈО) да преземе соодветни мерки особено поради инволвирање на децата од Македонија во политички кампањи во друга земја и неколкукратно прекршување на правата на децата согласно Конвенцијата за правата на детето и Член 12 став 4 од Законот за заштита на деца: ‘Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување’“, порачуваат од „Меѓаши“.
1 view
200
53
1 year ago 00:03:27 33
Political games with the children of the “Little Montmartre of Bitola“
1 year ago 00:03:13 216
Бурни реакции по пријавата за „Мал битолски Монмартр“ за злоупотреба на деца во политички цели
1 year ago 00:02:46 30
„Битолски Монмартр“ ги злоупотребил децата за политички цели, тврди „Меѓаши“
1 year ago 00:02:45 30
Ги инструментализира ли некој децата во политички цели без знаење на родителите_
1 year ago 00:03:07 45
Како децата од „Мал Битолски Монмартр“ отидоа во кабинетот на Радев