Врсничко насилство, како да се препознае и превенира, каде затајува општеството (1)
Врсничко насилство, како да се препознае и превенира, каде затајува општеството
Енџи Николоска 40
Дали „ќотекот од рајот е излезен“? Дали функционира синџирот професор-ученик-родител-институции за создавање на здрава клетка во општество? Кое дете се соочило со поголема траума, детето сторител на насилство или детето-жртва?
Кога станува збор за меѓуврсничко насилство, свеста е на повисоко ниво за разлика од претходно, но сепак и покрај бројните кампањи и програми-бројот на регистрирани случаи на меѓуврсничко насилство постојано расте. „Одлучувам, значи постојам“, мото со кое првата детска амбасада во светот Меѓаши, излегува со уште нова иницијатива за заштита на детските права.
Соработката со Народниот правобранител, општините, а воедно и градинките и училиштата ќе ги зајкнат капацитетите на индивидуално и институцијално ниво, преку вклучување на децата во самиот процес на одлучување. Одејќи во насока на согледување на слабите точки со цел надминување на културата на насилство која владее во општетсвото.
„Соработката со градоначалниците е добра, пројавуваат проактивен интерес, децата не сакаат да се разочараат по не знам кој пат од оние кои навистина треба да направат промена во заедницата. Тие се тука да бидат дел од промената, да учествуваат во процесот. Не сакаат да бидат декор на било која извршна власт, туку сакаат да бидат активни креатори, чинители на промената.“ - вели Драги Змијанац директор на прва детска амбасада Меѓаши.
За надминување на хуманото и нехуманото третирање на детското престапништво во заедницата, значајна улога има семејството, а неизбежна е и системска поддршка. Психолози, професори и ученици во вчерашната дебата на Тв 24, упатија апел дека возразните треба почесто да разговараат со децата и да ги исполнуваат нивните потреби, бидејќи на децата не им е потребно да им се исполнуваат само желбите, а да не добиваат поддршка и љубов. Иако не треба да се впери прстот кон родителите, сепак познавачите на проблематиката тврдат дека се’ потекнува од семејството.
Одговорноста лежи кај сите алки од синџирот. Младите бараат градење на база на вредности, кон која ќе може сите да постапуваат и да ги градат своите односи и комуникација врз основа на таа база.
1 view
157
44
6 months ago 00:02:55 22
Врсничко насилство, како да се препознае и превенира, каде затајува општеството (1)
9 months ago 00:29:07 50
Малолетник прободен со нож пред училиште во Гази баба, девојчиња нападнале нивни врснички во Аеродром и во Центар.
9 months ago 00:29:08 1
Малолетник прободен со нож пред училиште во Гази баба, девојчиња нападнале нивни врснички во Центар
3 years ago 00:27:42 47
ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ДЕТСТВО И УЧЕЊЕ БЕЗ СТРАВ
4 years ago 00:01:33 17
Меѓаши Учениците се жртви на вербално насилство, во училиштето не гледаат помош
5 years ago 00:08:21 19
Против врсничкото насилство за зачувување на менталното здравје
5 years ago 00:05:09 1
Средношколата Ева вклучена во проект против врсничко насилство
5 years ago 00:00:27 15
Насилството може да има различни форми
5 years ago 00:00:15 15
Насилството може да има форма на социјален булинг или исклучување
5 years ago 00:00:15 21
Вербално насилство-булинг
6 years ago 00:02:13 30
ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - БУЛИНГ ВО УЧИЛИШТАТА
6 years ago 00:15:38 8
ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО-НЕ ВО МОЕТО УЧИЛИШТЕ! КОГА ИГРАТА ПРЕСТАНУВА ДА БИДЕ ИГРА?
6 years ago 00:10:12 1
Врсничко насилство? Не во моето училиште! ,,И зборовите повредуваат“
6 years ago 00:02:08 11
Нова видео снимка со меѓуврсничко насилство се појави на интернет