ЛИТИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ВЕЛИКОМАЧЕНИК ГЕОРГИЈ - СТРУГА 2018

Блестејќи со победнички блесок, миротворната поворка на Светиот Великомаченик Георгиј и оваа година, од улиците на Струга ги испрати насекаде евангелските и вечновистинити пораки на Христовата сеобединувачка љубов. Најпрвин, ревносните жители на село Враништа со срдечен пречек го поздравија Победоносецот, а потоа илјадници Стружани и гости од секаде ширум нашата Татковина, но и однадвор, се собраа во прекрасниот храм на Св. Георгиј во центарот на Струга, за да бидат дел од традиционалната литија. Сплотени со една мисла – достојно да го прослават великиот Христов Воин и закрилник на православните општества, тие радосно и со молитва чекореа зад цветниот балдахин со неговите чесни и благоухани мошти од Обителта во Рајчица, носени од стружаните Ненад Николовски и Богољуб Дишлиоски, охриѓанецот Љупчо Најдевски и битолчанецот Кире Божиновски и зад познатиот чудотворен образ на Победоносецот.
Back to Top