PO DRUM ODAM MAJCE - VANCO DOJEANLIEV

По друм одам мајче По друм одам мајче, по друм шетам, аман, аман, друм - перница, мајче, друм - постела. Сношти вечер, мајче, кога легнав, аман, аман, кога легнав, мајче, сон си видов. На рацете, мајче ми спиеше, аман, аман, ми спиеше, мајче едно лудо младо. Пуштив рака, мајче, да си го фатам, аман, аман, лудо младо, мајче, не си најдов. Кога ќе ме жениш, мајче, да ми кажеш аман, аман, беќарштилак, мајче, не се трпи, само легни, мајче, само стани.
Back to Top