Љубојна - Христос се Раѓат, на светот Радост - Божикна песна

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки“ со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. Со голема радост соопшуваме, дека и покрај строгите протоколи за работа и отежнатите околности што ги создаде пандемија на ковид-19, успеавме да ја исполниме нашата света должност и да оставиме за навек уште едно музичко дело. Најголема благодарност упатуваме до Епископот Антаниски и Игумен Бигорски Партениј, за неговата безрезервна духовна поддршка за целиот тим во текот на целиот процес на создавање на делото. Видео записот за ново-возобновената Божикна песна (каланда) “Христос се раѓат, на светот радост” е снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир.
Back to Top