Меѓаши: Разведени родители го користат ковид-19 како изговор за да забрануваат контакт со децата

Разведени брачни другари ја користат пандемијата како изговор за да не дозволуваат видување на децата, посочуваат од Детската амбасада „Меѓаши“. На СОС-телефонот на Детската амбасада „Меѓаши“ лани се регистрирани 240 јавувања, што е двојно повеќе од 2019 година и има тренд на зголемување. Во овие случаи, постои можно прекршување на едно или повеќе детски права за 426 деца. Најголем дел од јавувањата или 27 отсто биле поврзани со семејни односи, односно оневозможување на детето да го гледа вториот родител, а останатите се жалби за насилство, пристапност до образование, здравствени или други права.
Back to Top