Ми заплакало селото Ваташа и Цветови на Златна Бубамара 2023 Игор Џамбазов, Андријана Јаневска

Емоции кои не се забораваат 💔 Ми заплакало селото Ваташа и Цветови од Славко Јаневски 🎶 Еден од најемотивните моменти на Златна Бубамара во изведба на големите Игор Џамбазов, Андријана Јаневска и Хорот на АКУД Мирче Ацев Народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“ е инспирирана од крвавиот настан што се случил на 16 јуни 1943 година. Ми заплакало селото, селото Ваташа. Tринаесет роса младинци носат Мокришко горе, в долови. Целото село станало, станало на нога. Дајте ги вамо нашите деца еј вие клети крвници. Џелати клети не слушат, не слушат народот. Митралез поган фрлија оган в градите машки младински. Тогај се народ подигна, подигна илјадно. И тргна смело да запре семе фашистичко клето за навек. Славко Јаневски „Цветови“ Во врска со овој настан, Славко Јаневски ја напишал песната „Цветови“. Цветови . В Тиквешко негде, в некое село, кај в слана тивко венеше цвете, – убија дете. Последна солза од око капна… кога на ридот есента стапна, в крви се изми утрото бело. И кога в зраци челикот светна последна мисла ко птица летна: „Мајка ми сама остана в село”. . О, детски очи! Криевте в себе небесно катче… Румено крвје течеше в жили в радост без почин… Кај око детско натопи земја гороцвет никна, разлиста пролет, кај крвта врела растопи слана црвена роза закити поле. . Мајската роза и цветот модер в миризма молат: „Закити, друже, огнена пушка со цвеќа млади, па напред појди и други деца брани со гради”. . В Тиквешко негде, в некое село, кај в слана тивко венеше цвете, – убија дете.
Back to Top